СБ: Странските нови членови на ИД се пообразовани од очекуваното

Од:

Странските борци кои се придружиле на ИД имаат повисоко образование од очекуваното, се вели во анализа на Светска банка.

Анализата е направена по податоци на ИД за 3.803 борци во кои се информации за националноста, образование и друго.

– Констатираме дека ИД не повикува борци меѓу сиромашните и најнеобразуваните, туку сосем обратно, се вели во анализата.

Според податоците, 43,3 отсто од странските борци завршиле средно образование, а 25,4 отсто се факултетски образовани. Само 13,5 отсто не продолжиле со образование по основното училиште, а 1,3 отсто се неписмени.

Анализата покажува дека тие заминале во Сирија со различни цели – некои сакале да помогнат на административната структура на ИД, а други да стават крај на својот живот. Трети сакле едноставно да војуваат, се вели во анализата.

Новоизбраниците на ИД кои доаѓаат од Африка и јужниот дел на Азија и Блискиот исток се значително пообразовани од сонародниците. Голем дел од нив тврделе дека имаат работа пред да се приклучат во ИД.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

Светската банка прогнозира 11-процентен пад на цените на енергенсите наредната година

Ана Ололовска

Светска банка најави уште 530 милиони долари помош за Украина

Ана Ололовска