СБ на ОН усвои резолуција за Авганистан

Од:

Советот за безбедност на ОН усвои резолуција со која талибанците се повикуваат да обезбедат безбедно заминување на оние што сакаат да го напуштат Авганистан, но предлогот на Франција за формирање безбедна зона во Кабул не беше усвоен.

Вкупно 13 од 15-те членки на Советот за безбедност на ОН гласаа за текстот на резолуцијата подготвена од САД, Франција и Велика Британија. Кина и Русија беа воздржани.

Во резолуцијата се наведува дека „се очекува“ од талибанците да ги почитуваат сите нивни „обврски“, особено во врска со „безбедно заминување“ на Авганистанците и странците од државата, по конечното повлекување на американските сили.

Во текстот не се споменува предлогот за формирање безбедна зона во Кабул, за што зборуваше францускиот претседател Емануел Макрон. Тој неодамна рече дека таквата зона ќе овозможи продолжување на хуманитарните операции во Авганистан.

Неименуван дипломат во ОН рече дека резолуцијата „не е оперативна, туку се однесува на принципите, клучните политички пораки и предупредувања“.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан