СБ на ОН го продолжи за една година престојот на мировната мисија во Јужен Либан

Од:

Советот за безбедност на ОН го продолжи за една година, до 31 август 2014, мандатот на Времените сили на ОН во Либан (УНИФИЛ).

Во резолуцијата, која вчера едногласно беше прифатена, 15-те земји членки на Советот за безбедност ја изразија „решителната поддршка кон територијалниот интегритет и политичката независност“ на оваа блискоисточна земја.

Во документот се нагласува важноста од прекин на воените дејствија во јужниот дел на Либан и недозволувањето за нарушување на т.н. „сина линија“, која го одвојува од Израел.

Би можело да ве интересира

Израелската армија утре се повлекува од Либан

Израел бомбардира цели на Хезболах во Либан

Претставник на Хезболах е убиен во источен Либан

Израел уби најмалку 11 лица во Либан

ВИДЕО: Трамп го именуваше свекорот на ќерка му за советник за блискоисточни прашања

Катерина Ѓуровски

Елијаху: Не го победивме Хезболах, се согласивме на примирје под принуда