СБ го осуди нападот на талибанците во Авганистан

Од:

Советот за безбедност на Обединетите нации го осуди нападот на талибанците врз судот во Фарах, при што загинаа 46 луѓе.

Во декларацијата се истакнува дека извршителите треба да бидат изведени пред суд, како и организаторите и финансиските поддржувачи на терористичките акти. СБ апелира до сите земји-членки на ОН активно да соработуваат со авганистанските власти за таа цел.

– Ниту една терористичка појава не може да го спречи Авганистан да напредува на патот кон мирот, демократијата и стабилноста, се посочува во декларацијата на СБ.

Нападот врз судот во Фарах беше изведен во средата со цел да се ослободат осомничени бунтовници, при што загина 46 луѓе, а беа повредени околу сто. Нападот траел седум часа и е  најкрвав во Авганистан од 6 декември 2011 година.

Би можело да ве интересира

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

Силен земјотрес го погоди Авганистан