Саудискиот престолонаследник: Ќе застанеме покрај палестинскиот народ

Од:

Де факто владетелот на Саудиска Арабија, престолонаследникот Мохамед Бин Салман телефонски разговараше со палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Бин Салман рече дека неговата земја ќе продолжи „да стои покрај палестинскиот народ за да ги оствари своите легитимни права за пристоен живот, да ги оствари своите надежи и аспирации и да постигне праведен и траен мир“, објави официјалната саудиска агенција за печат.

Тој, исто така, му порача на Абас да работи со сите меѓународни и регионални страни за да се спречи ширењето на конфликтот.

Абас и Хамас се политички ривали. Хамас го контролира Појасот Газа, а Абас го предводи движењето Фатах што го контролира Западниот Брег. Тој е и шеф на Палестинската ослободителна организација (ПЛО).

Но, поддршката на Саудиска Арабија за Палестинците е значајна бидејќи доаѓа во контекст на тековните трилатерални разговори меѓу Израел, Саудиска Арабија и САД за нормализирање на односите меѓу Ријад и Тел Авив.

Би можело да ве интересира

Хамас ги повика поддржувачите ширум светот со оружје да се борат против планот на Трамп за Газа

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Хамас: Подготвени сме за сериозни преговори за ставање крај на војната во Газа

Палестински бунт против Хамас

(ВИДЕО) Стотици Палестинци протестираа во Газа против Хамас: „Одбиваме да умреме“

Вoлц: Израел има право да го брани својот народ од терористите на Хамас