Палестински бунт против Хамас

Од:

Стотици луѓе протестираа на повеќе локации во Појасот Газа против Хамас, барајќи прекин на војната со Израел.

Според изјавите на очевидци, во Беит Лахија на северот од енклавата, некои демонстранти извикувале слогани против Хамас, пренесува Ројтерс. Дополнителни протестни маршеви беа одржани во блиската Џабалија, како и во Кан Јунис во јужниот дел на Газа.

Палестинското движење Фатах, кое управува со окупираниот Западен Брег, вчера го повика својот ривал, милитантната група Хамас, да ја предаде власта во Појасот Газа.

Портпаролот на Фатах во Газа, Мунтер ал-Хајек, го повика Хамас да се откаже од власта и рече дека нивното владеење во енклавата го загрозува палестинското прашање, пренесува новинската агенција Вафа.

Израел пред седум дена ги обнови воздушните напади врз цели во Појасот Газа. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера ја повтори својата закана дека ќе заземе територија во Појасот Газа доколку милитантите на Хамас не ги ослободат преостанатите заложници што се уште ги држат.

„Колку подолго Хамас продолжи да одбива да ги ослободи нашите заложници, толку посилна ќе биде репресијата што ја спроведуваме“, изјави Нетанјаху во парламентот, според Тајмс оф Израел.

Тој додаде дека ова „вклучува заземање територија и други работи“.

Би можело да ве интересира

Палестински медиуми: Доселениците запалија земјиште и каменуваа жители на Западниот Брег

Кушнер и Нетанјаху четири часа разговараа за Газа, САД сакаат да го тестираат Хамас

Најмалку двајца Палестинци се повредени во нови израелски напади врз Појасот Газа

Нетанјаху одобри реконструкција на дел од Појасот Газа кој не е под контрола на Хамас

(ВИДЕО) Израелски доселеници нападнаа палестинско село, па палеа куќи

Горан Наумовски

Трамп: Заканата од Газа нема да се повтори, постигнат е договор за разоружување

Горан Наумовски