Најмалку двајца Палестинци се повредени во нови израелски напади врз Појасот Газа

Од:

Најмалку двајца Палестинци се повредени во новите израелски напади во Појасот Газа во изминатите 24 часа, а едно тело е извлечено од зграда што беше срушена во претходните напади, соопшти денес палестинското Министерство за здравство.

Министерството во објава на Телеграм соопшти дека во израелските напади од прекинот на огнот, кој стапи на сила во октомври минатата година, во истиот период се убиени најмалку 1.259 Палестинци, а ранети 4.148 лица, објави Ал Џезира.

Во соопштението се вели дека најмалку 73.388 Палестинци се убиени во војната на Израел со палестинското милитантно движење Хамас во Газа од октомври 2023 година, а дека во истиот период се повредени 174.259 лица.

Би можело да ве интересира

Бен-Гвир повикува на освојување на цела Газа и преселување на Палестинците во Франција и Британија

Истрага на ОН: Израел продолжи да врши геноцид во Газа дури и по примирјето

САД: Нема план за протерување на Палестинците од Газа

„Гардијан“ открива: Како израелската војска ги претвора хуманитарците во мети

Холандија се откажува од Евровизија

Израел не одобри распоредување на меѓународни сили во Газа