Саудискиот крал Салман се сретна со либанскиот премиер Харири

Од:

Саудискиот крал Салман денеска се сретна со либанскиот премиер Саад Харири, кој завчера неочекувано најави оставка на функцијата за време на посетата на Саудиска Арабија.

Според саудиската телевизија Ал Арабија, оставката на Харири предизвика шок во Либан, како и обвинувања од страна на шиитската група Хезболах дека ток бил принуден да се повлече од функцијата од страна на Саудиска Арабија.

Оставката се совпадна со апсењето на десетиците принцови во Саудиска Арабија.

Во изјавата што ја прочита, како што претходно јави МИА, Харири рече дека се повлекува од функцијата поради мешањето на Иран во внатрешните работи на Либан и дека животот му е во опасност.

Политичките лидери на Либан најавија дека нема да преземат никакви чекори додека премиерот не се врати во земјата, и не се утврди дека неговата оставка е доброволен чин.

Саад Харири е син на поранешниот либански премиер Рафик Харири, кој беше убиен во бомбашки напад 2005 година, за што беа обвинети Хезболах и Сирија.

Би можело да ве интересира

Зеленски ја одложи посетата на Саудиска Арабија

Израелската армија утре се повлекува од Либан

Американците патуваат во Саудиска Арабија на преговори со Русите, Украина не е поканета

Саудиска Арабија: Не го признаваме Израел без палестинска држава

Израел бомбардира цели на Хезболах во Либан

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД