Саудискиот крал на граѓаните ќе им подари милијарди

Од:

Одлуката на саудискиот крал Салман на граѓаните да им подари 32 милијарди долари е дел од негов лукав план, пишуваат американските медиуми.

Според наводите на „Њујорк тајмс“ тој потполно пресметал како да го придобие народот.

Имено, Салман е целосно незаинтересиран за спроведување на какви било политички реформи, кои граѓаните ги очекуваа по смртта на неговиот полубрат, кралот Абдулах, па наместо кон тежнеење на општествени промени, тој е ориентиран кон строгите религиски начела, поради што наклоноста на народот мора да ја обезбеди со потплаќање.

Се шпекулира и дека со споменатиот чин кралот сака воедно да ги спречи младите да се приклонуваат кон екстремистичката организација Исламска држава, која со невидени размери го шири своето влијание во соседна Саудиска Арабија.

-Поголем дел од населението, на директен или индиректен начин зависи од владините субвенции, но еден ден ќе исчезне нафтата, па сметам дека не е добро на народот да му се даваат вакви подароци- смета Абдулах ал Алами, саудиски писател и економист.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД

Реформите за човековите права во Саудиска Арабија: Работниците сега можат да ги менуваат работните места

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија

Политички скандал: Откажан мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај во Саудиска Арабија

Економијата на Саудиска Арабија поминува низ турбуленции поради намаленото производството на нафта

Предраг Петровиќ

Фудбалерите разочарани од Саудиска Арабија-зедоа стотици милиони, но немаат публика