Саудискиот крал го именува Мухамед бин Најеф за престолонаследник

Од:

Саудискиот крал Салман го именува принцот Мухамед бин Најеф ал Сауд за престолонаследник, јави ТАСС.

Монархот го исполни барањето на принцот Мукрин бин Абдул Азиз ал Сауд да биде ослободен од позицијата на престолонаследник и прв заменик премиер, јави телевизијата „Ал Арабија“.

Принцот Мухамед бин Најеф ал Сауд, кој е именуван за престолонаследник има 56 години. Тој важи за близок сојузник на САД и за противник на исламистите.

Во 2009 година, додека беше шеф на службите за безбедност, Ал Каеда испрати луѓе за негово ликвидирање. Принцот преживеа напад, во кој исламист се приближи до него изјавувајќи дека сака да се предаде, а потоа се саморазнесе. Во 2012 година принцот стана министер за внатрешни работи. Денес тој е еден од највлијателните принцови од своето поколение во владејачката династија Ал Сауд.

Принцот е син на покојниот престолонаследник принцот Најеф, кој беше министер за внатрешни работи од 1975 година и почина од срцев удар во 2012 година.

Мухамед бин Најеф има завршено политички студии во САД во 1981 година и е љубител на холивудски акциони филмови и оружје.

Би можело да ве интересира

Политички скандал: Откажан мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај во Саудиска Арабија

Економијата на Саудиска Арабија поминува низ турбуленции поради намаленото производството на нафта

Предраг Петровиќ

Фудбалерите разочарани од Саудиска Арабија-зедоа стотици милиони, но немаат публика

Махрез заврши во болница

Познато колку пари потрошиле Саудијците за засилување на нивната лига

Предраг Петровиќ

Саудијците ослободија Американец кој беше осуден на 19 години затвор поради твитови