Саудиската коалиција изврши воздушен напад врз касарните на Хутите

Од:

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија која се бори против Хутите во Јемен изврши низа воздушни напади врз касарни кои ги кориари бунтовничката група во и околинаѕа на Сана. Се уште е непознато дали во нападите има жртви.

Нападите уследија откако Хутите во понеделникот истрелаа проектили врз саудиската нафтена постројка во Џеда.

Војната во Јемен помеѓу бунтовниците Хути, поддржани од Иран и провладините сили ескалираше во март 2015 година, кога воена коалиција предводена од Саудиска Арабија интервенираше против бунтовниците, кои контролираат поголем дел од Јемен, вклучително и главниот град Сана. Во судирите убиени се десетици илјади луѓе, приближно четири милиони лица се раселени, а 80 проценти од 29-милионското население е зависно од хуманитарната помош.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хезболах и Хутите се приклучија на иранскиот напад над Израел

Трговски брод погоден со проектил кај Јемен

Жесток напад на САД и Британија на неколку градови во Јемен, има мртви

Катерина Ѓуровски

Хутите гаѓаа израелски брод во Арапското Море

САД и Велика Британија започнаа нови напади врз Хутите во Јемен

Хутите погодија бродот со проектили