Саудиска Арабија го зајакнува снабдувањето на бунтовниците со оружје

Од:

Одговорот на Саудиска Арабија на воздушните напади на Русија против сириските бунтовници ќе биде засилено снабдување со огнено оружје на три различни бунтовнички групи во Сирија, изјави денеска претставник на саудиската Влада.

Висок претставник, кој побара анонимност, рече дека модерното оружје е со голема моќ, вклучувајќи и наведувано противтенковско оружје, ќе биде доставувано во големи количини на бунтовничките групи, кои во борбата против сирискиот претседател Башар ал Асад и неговите руски, ирански и либански сојузници, ги поддржуваат арапските и западните земји.

Тој нагласи дека меѓу овие групи не спаѓаат ниту Исламска држава, ниту фронтот Ал Нусра, кои се прогласени за терористички организации.

Оружјето ќе биде испорачувано на групите Џаиш ал-Фатах, Слободната сириска армија и Јужниот фронт.

Би можело да ве интересира

Политички скандал: Откажан мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај во Саудиска Арабија

Економијата на Саудиска Арабија поминува низ турбуленции поради намаленото производството на нафта

Предраг Петровиќ

Фудбалерите разочарани од Саудиска Арабија-зедоа стотици милиони, но немаат публика

Махрез заврши во болница

Познато колку пари потрошиле Саудијците за засилување на нивната лига

Предраг Петровиќ

Саудијците ослободија Американец кој беше осуден на 19 години затвор поради твитови