Саудиска Арабија го обвини Либан дека и објавил војна

Од:

Саудиска Арабија го обвини Либан дека и објавил војна „со агресијата на либанската шиитска група Хезболах, која е поддржана од Иран“.

– Либанската Влада ќе се смета за власт која и објавила војна на Саудиска Арабија поради агресијата на Хезболах, изјави саудискиот државен министер одговорен за прашања од Персискиот Залив, Тамер ас Сабхан.

Тој ја обвини Владата на либанскиот премиер, кој поднесе оставка, Саад Харири дека за време на своето едногодишно управување не направил ништо против Хезболах.

– Либанците сега треба да ги преземат сите тие ризици и да направат напри за подобрување на работите, пред да се стигне до точката од која нема враќање назад, истакна саудискиот министер.

Тој не потврди какви дејствија може да преземе Саудиска Арабија против Либан, која е многу задолжена држава, уште необновена од граѓанската војна (1975-1990) и каде една четвртина од населението се сириски бегалци.

Хезболах е военополитичка организација, претставена во либанскиот Парламент и е дел од коалициската влада на Харири, составена минатата година.

Би можело да ве интересира

Зеленски ја одложи посетата на Саудиска Арабија

Израелската армија утре се повлекува од Либан

Американците патуваат во Саудиска Арабија на преговори со Русите, Украина не е поканета

Саудиска Арабија: Не го признаваме Израел без палестинска држава

Израел бомбардира цели на Хезболах во Либан

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД