Саудиска Арабија ги повика своите граѓани да го напуштат Либан

Од:

Властите во Саудиска Арабија им наредија на своите државјани да го напуштат Либан по последните тензии помеѓу двете држави.

Саудиските државни медиуми го објавија соопштението на владата во кое се наглсува сите Саудијци кои што живеат или престојуваат во Либан да ја напуштат државата, а тие кои што планираат да патуваат да не го сторат тоа.

Според некои медиуми, Саудиска Арабија ја изнудила оставката на либанскиот премиер Харири и го држи во домашен притвор. Неименуван висок политичар близок до Харири изјави дека Ријад побарал оставка од него и го ограничува неговото движење.

Би можело да ве интересира

Зеленски ја одложи посетата на Саудиска Арабија

Израелската армија утре се повлекува од Либан

Американците патуваат во Саудиска Арабија на преговори со Русите, Украина не е поканета

Саудиска Арабија: Не го признаваме Израел без палестинска држава

Израел бомбардира цели на Хезболах во Либан

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД