Саудиска Арабија ги ослободи сите уапсени за корупција од хотелот „Риц“ во Ријад

Од:

Претставник на саудиските власти денеска соопшти дека од луксузниот хотел „Риц-Карлтон“ во Ријад се ослободени сите членови на кралското семејство, поранешни државни службеници и бизнисмени, кои беа затворени во објектот пред околу три месеци.

На почетокот од ноември минатата година во Саудиска Арабија беа уапсени десетици принцови и поранешни функционери во рамките на голема антикорупциска кампања, а нивниот имот беше замрзнат.

Извор, кој побарал да остане анонимен, сооопштил дека во хотелот нема повеќе уапсени, но не прецизирал колки осомничени се притворени на други локации во земјата. Се верува дека некои биле преместени од „Риц“ во затвор, откако одбиле да признаат дека извршиле кривилни дела и да склучат финансиски договори со властите.

Би можело да ве интересира

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД

Реформите за човековите права во Саудиска Арабија: Работниците сега можат да ги менуваат работните места

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија

Политички скандал: Откажан мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај во Саудиска Арабија

Економијата на Саудиска Арабија поминува низ турбуленции поради намаленото производството на нафта

Предраг Петровиќ

Фудбалерите разочарани од Саудиска Арабија-зедоа стотици милиони, но немаат публика