Саудиска Арабија е против „надворешно мешање и интервенција“ од странство

Од:

Амбасадорот на Саудиска Арабија во Лондон, принцот Мохамед Бин Наваф ал Сауд ги осуди денеска најавите за воздушни напади врз позициите на џихадистите во Ирак.

– Лудило ќе биде САД да извршат воздушни напади врз ирачката територија, изјави саудискиот амбасадор,кој изрази стравување од потенцијалнио големиот број жртви меѓу цивилното население,доколку Американците навистина се одлучат на една ваква операција.

Според принцот-амбасадор,она што се случува во Ирак е внатрешна работа на таа држава и конфликтот и кризата треба да им се остават на Ирачаните, самите да ја разрешат.

– Не се мешајте во Ирак, вели Ал Сауд,порачувајќи им не само на Американците,туку и на Западот,како и на Иранците, да не се интервенира од страна,како и да нема надворешно мешање. Саудискиот амбасадор тврди дека официјален Ријад е против екстремизмот и „не го поддржува“,но тој ја осуди владата на премиерот Нури ал Малики, дека сноси вина за сегашната криза и за ваквиот развој на настаните во Ирак.

Реакцијата на амбасадорот,доаѓа по заложбата на американскиот претседател за бомбардирање на позициите на сунитските исламистички милитанти,откако во десетневната офанзива тие успеаја да освојат неколку ирачки градови и да запоседнат широка територија на која сакаат да создадат исламистички калифат.

Откако владата во Багдад побара помош за борбата со џихадистите,соседен Иран најави испракање на „секаква помош“ за одбрана на ирачките шиити и на нивните светилишта,а британските медиуми тврдат дека во Ирак веќе се наоѓа и командантот на иранската Револуционерна гарда.

Ирачката влада претходно ја обвини Саудиска Арабија дека е вмешана во сегашната криза,како и дека стои зад акциите на Исламска држава Ирак и Левантот,како што стои зад оваа исламистичка,сунитска група и во нејзината борба во Сирија за соборување на претседателт Башар ал Асад.

Би можело да ве интересира

Политички скандал: Откажан мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај во Саудиска Арабија

Економијата на Саудиска Арабија поминува низ турбуленции поради намаленото производството на нафта

Предраг Петровиќ

Фудбалерите разочарани од Саудиска Арабија-зедоа стотици милиони, но немаат публика

Махрез заврши во болница

Познато колку пари потрошиле Саудијците за засилување на нивната лига

Предраг Петровиќ

Саудијците ослободија Американец кој беше осуден на 19 години затвор поради твитови