Саудиска Арабија: чувар на францускиот конзулат во Џеда ранет со нож

Од:

Саудиец е уапсен откако со нож го прободел чуварот на францускиот конзулат во Џеда, град во западна Саудиска Арабија, соопштија официјални саудиски медиуми и француската амбасада во таа земја.

„Напаѓачот беше уапсен од саудиските сили на редот веднаш по нападот. Чуварот е пренесен во болница и неговиот живот не е во опасност. Ги повикуваме нашите сонародници во Саудиска Арабија да покажат максимална будност“, пишува во соопштението на француската амбасада.

Полицијата во провинцијата Мека, каде се наоѓа Џеда, соопшти дека напаѓачот бил Саудиец, но не ја одредил националноста на чуварот, кој бил полесно повреден. Француската амбасада во Ријад остро го осуди овој напад. Ниту амбасадата ниту саудиските власти не го наведоа мотивот за нападот.

Нападот се случи во време на гнев на Блискиот исток и во муслиманскиот свет, разгорен и од некои високи државни претставници на муслиманските земји, против францускиот претседател Емануел Макрон, кој вети дека Франција нема да се откаже од карикатурите на пророкот Мухамед, што предизвика повици за бојкот на француските производи во арапските земји. Муслиманите ширум светот го слават раѓањето на пророкот Мухамед овој четврток.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот одобри можна продажба на оружје за Саудиска Арабија за 290 милиони долари

Ана Ололовска

Саудиска Арабија ги суспендира сите меѓународни летови

Ана Ололовска

„Хјуман рајтс воч“: Саудиска Арабија малтретира мигранти

Жарко Настоски

Хутите тврдат дека нападнале нафтена постројка во Саудиска Арабија

Жарко Настоски

После 30 години, Ирак и Саудиска Арабија ја отворија границата

Ана Ололовска

Саудиска принцеза ограбена во Париз – крадците „се омрсиле“ со 600.000 евра во накит, чанти и крзно

Жарко Настоски