Саудијска Арабија го засилува своето влијание како регионална сила додека другите колабираат

Од:

Њујорк тајмс – Њујорк

Владетелите на Саудијска Арабија сериозно се вознемирија кога избувнаа бунтовите на Арапската пролет пред четири години.

Но наместо да ги поткопаат позициите на саудиската династија, хаосот кој следуваше и кој го зафати регионот го направија токму обратното – ја засилија до ненадминат степен моќта и влијанието на таа монархична држава. Со назначувањето на нов крал на тронот во Ријад, авторитаризмот кој ја постави стабилноста над се и одамна е приоритет за саудијците, се надвисна од Тунис до Каиро и Манама.

Оние исламисти кои бараа избори и од кои Саудијците претходно стравуваа, сега ги губат своите позиции. Принцот министер за внатрешни работи Мохамед бин Најеф, кој ја водеше кампањата против исламистите, беше награден минатата седмица со издигнување до следен престолонаследник што го става на прво место меѓу неговата генерација за наследниците на тронот.

Стапицата тука, според аналитичари и дипломати, е што наглото засилување на влијанието на саудијците до голема мера е нуспроизвод од слабоста и потоа крахот на многу држави во околината, вклучувајќи ги и Ирак, Египет, Сирија, Јемен, Бахраин и Тунис. Оттука зачувувањето на стариот поредок многу зависи од стабилниот проток на саудиски ресурси кон нив. Така што задржувањето на тоа влијание може да се покаже многу скапо (за Ријад).

Саудијците го засилуваат бахреинското кралство, се бореа заедно покрај САД во поддршка на владата во Багдад. Милијарди долари од саудијската каса ги покриваат пријателските влади во Египет и Јордан. Поддржани од саудијските милиции се борат во Либија, а медиумите кои се во саудијска сопственост им даваат решавачка поддршка на поставените партнери од Ријад во Тунис и во други земји.

Кралството може да си припише некои ограничени победи, како што е поставувањето на владата во Каиро со помош на војската, и изборот на владата во Тунис. Но истите грижи кои ги имаат соседите можат да се покажат како причини за неспокој и за владетелите во Саудијска Арабија. Незините напори се уште не донеле никакви знаци на стабилност во Сирија, Ирак или во Либија. Планот за транзиција (кон стабилно управување) поддржан од Саудијците во Јемен пропадна, и како резултат на тоа бунтовниците поддржани од Иран воспоставија контрола врз престолнината Сана.

Фактот што една апсолутна монархија со династијски корени кои датираат од пред триста години, се презема со водечката улога во напорите да се издржи хаосот (на Блискиот исток) е неочекуван резултат од Арапската пролет, која започна со надежи за владеење на законите и на модерната демократија. „Дали е тоа иронија на судбината или е анахронизам, ако се гледа отстрана“, рече Гамал Абдел Гауад, аналитичар од контролираниот од државата Центар за стратешки и меѓународни истражувања „Ал Ахрам“ во Каиро, посебно за оние кои веруваат дека „регионот има неопходна потреба од демократија“.

– Но последните четири години зборуваат за обратното – ако на регионот најмногу му треба стабилност, ефективно управување и ресурси – сето она кое Саудиска Арабија го има, тогаш е логично таа да игра водечка улога, без разлика какви и да се карактеристиките на нејзиниот политички систем“, подвлекува египетскиот политиколог.

Според поранешниот американски амбасадор во Ријад, Роберт Џордан, покојниот крал Абдула не еднаш и посочувал на американската влада дека греши во нејзините чекори во случувањата на Блискиот исток. Според него, кралот не бил задоволен од упорните повици на владата на Џорџ Буш за демократија, од вакуумот кој останал по повлекувањето на американците од Ирак, од подршката на владата на Обама за востанијата во Арапската пролет, и посебно од тоа што тој не ги исполнил заканите за воени дејства против сиријскиот претседател Башар Асад.

– Саудијците не сакаат да покажуваат слабост. Тие не сакаат да покажуваат ранливост од ветерот на промени на начин кој може да стимулира такви промени, рече Џордан изразувајќи извесно разбирање кон желбата на саудијците „да управуваат со промената, наместо да чекаат таа да им биде наложена“.

– Како би изгледала Саудијска Арабија без кралското семејство? Таа би личела на Либија или на Сирија без Асад, потенцира Џордан.

Слично како и Либија под полковникот Муамер Гадафи, и Саудијска Арабија е контролирана од владеечкото семејство, но без предностите на стабилни владини институции или на граѓанското општество. И слично на Сирија, Саудијците – сега на чело е кралот Салман – ги држат до строга контрола тлеечките религиозни различности помеѓу шиитското муслиманско малцинство во земјата и нејзните сунитски владетели.

Некои историчари тврдат дека Саудијска Арабија често ги проектора своите „домашни проблеми“ врз целиот регион. Загриженоста од тензиите со шиитите во кралството го подигнуваат сопреништвото со шиитски Иран, а стравовите од внатрешна политичка спортивставување од исламистите изродуваат непријателсвото на кралството кон Муслиманското братство во странство, вели историчарот Тоби Џоунс од Универзитетот Рутгерс, познавач на Саудијска Арабија.

– Како арапска држава со најбројно население, Египет долго време се сметаше за фактички лидер на арапскиот свет, иницијатор на Арапската лига, за „надзорник“ на изралеско-палестинските преговори, и за главна воена противтежа на иранската моќ. Но кога револуцијата во 2011 го отфрли претседателот Хосни Мубарак и ја фрли земјата во хаос, Саудијска Арабија „ја презема одговорноста“ како „регионален капетан“, рече Абдел Гауад од египетскито центар „Ал Ахрам“.

Кралот Абдула заткулисно даде до знаење дека не ја одобрува смената на Хосни Мубарак и ги искара американците дека го занемариле. Саудијските владетели без многу бука ги осудија победата на изборите на исламистите од Муслиманското братство. А кога Абдула Фатах ал Сиси – тогаш генерал и поранешен воен аташе во Саудијска Арабија застана на чело на воениот преврат во Каиро во летото 2013 година, Саудијска Арабија стана неговиот најважен спонзор и веднаш му обезбеди над 12 милијарди долари финансиска помош.

Минатата недела Сиси, кој веќе е претседател, објави невообичаено долг седумдневен период на жалост за кралот Абдула. Тоа вклучваше и откажување на прославата во неделата во чест на четири годишнината од Арапската пролет – чекор кој во Каиро беше оценет како признание на улогата на кралот Абдула во неуспехот на востанието.

Сега Саудијска Арабија, заедно со Обединетите арапски емирати, се ангажира во подршката на владата на Сиси со помош на милијарди долари, веројатно и за следните години. Египет потроши околу 20 милијарди долари кои го доби од Саудиска Арабија и сојузниците од Пресијскиот залив, само во првата година по воениот преврат без голема промена на билансот на владата, а егиипетската лира продолжува да паѓа во однос на доларот.

– Да, несомнено тоа е тешко бреме, особено ако се земе предвид падот на цените на нафтата. Но тие (Саудијците) се подготвени да ја подржат египетската економија уште долго време, затоа што стратешката цена на неуспех би била уште поголемо бреме ако Египет пропаден, рече Мустафа Алани, аналитичар од Истражувачкиот центар за Персијскот залив, кој е близок со саудијските власти.

Саудијската сателитска телевизијска мрежа Ал Арабија и други регионални медиуми, со симпатии ги објавуаат дејствијата на силите на редот и на противниците на Муслиманско братство во секоја земја во регионот. Ријад обезбедува индиректна помош за антиисламистичките сили кои се борат за власт во Либија, низ Египет и во ОАЕ.

Саудијците доделија финансиска помош за стабилизирање на владата во Тунис, и „морална подршка“ за антисламистичките лидери поддавајќи раме за политичките сили и поставувајќи ја безбедноста на прво место за да се отстрани исламистичката партија од власт преку демократски избори, потенцира Алани.

Саудијска Арабија се оформи како регионален лидер затоа што „се покажа способна да ја издржи бурата“ подвелеч тој. „И сега тие велат `да, се опоравивте, одлично, но треба да ја стабилизирате ситуацијата околу вас ако сакате да се опоравите за подолго време“.

Според цитираниот историчар Џоунс, всушност се уште е рано да се направи проценка. „Тие ги подржуваат истите луѓе кои самите ги поставија на највисоките позиции, кога Арапската пролет го потресе регионот во 2011 година. Тоа едноставно го враќа часовникот назад, рече Алани.

Според него, имено слабоста на постоечкиот ред довело до тоа саудијците да изгледаат уште посилни, затоа што се единствените кои задржаа доволно сили и ресурси истиот и да го зајакнуваат.

Би можело да ве интересира

Политички скандал: Откажан мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај во Саудиска Арабија

Економијата на Саудиска Арабија поминува низ турбуленции поради намаленото производството на нафта

Предраг Петровиќ

Фудбалерите разочарани од Саудиска Арабија-зедоа стотици милиони, но немаат публика

Махрез заврши во болница

Познато колку пари потрошиле Саудијците за засилување на нивната лига

Предраг Петровиќ

Саудијците ослободија Американец кој беше осуден на 19 години затвор поради твитови