На жените во Саудиска Арабија ќе им биде дозволено првпат да влезат на спортски стадион да гледаат натпревар во фудбал меѓу два локални клуба.
Првиот стадион што денеска отвора врати за жени е во градот Џида. Потегот е дел од социјалните реформи планирани за оваа година што се однесуваат на жените на кои им се даваат поголеми права. За да се подгтоват за промените, властите направија на стадиони т.н. „фамилијарни оддели“ каде ќе може жени да седнат и да гледаат фудбалски натпревар.