Сопствениците на ресторани во Саудиска Арабија им забранија влез на жените, поради нивното нестабилно однесување како што се флертот, пушењето цигари и употребата на мобилниот телефон.
Во неколку ресторани веќе е закачен и знак со кој се забрнува влез за жените, како едно од правилата на муслиманскиот народ.
Иако во Саудиска Арабија не постои закон кој го подржува ваквото однесување, верските начела диктираат правило жената да не смее сама да патува или да посетува ресторани, без присуство на маж.
– Ние го поставивме тој закон за да ги ограничиме жените, бидејќи забележавме дека флертуваат во рестораните- изјави еден сопственик на ресторан.
Тој нагласи дека знаковите ќе ги отстранат само доколку заклучат дека жените пристојно се однесуваат и истакна дека ваквите постапки на жените, негативно влијааат на нивната работа.
Блогерите на социјалните мрежи остро го осудуваат однесувањето на жените и го нарекуваат ментално пореметување.
Според нив тоа што жената сама ќе влезе во ресторан, фокусирана на телефон е навреда за целата нација.
Инаку Саудиска Арабија е една од државите со најригорозни закони, кога се во прашање жените. Тие се уште немаат право да полагаат возачки испит, да го изберат својот сопруг, бидејќи тоа го прави нивниот татко, а возењето велосипед е можно само во ограничени региони.
Е. Г.