Саудиец пред суд поради експрес лонец

Од:

Хусеин Ал Хавахир, државјанин на Саудиска Арабија е приведен од американските федерални агенти, на аеродром во Детроит поради тоа што носел експрес лонец, кој што не го пријавил.

Адвокатот, Џејмс Хауарт, вели дека неговиот клиент не знаел дека таков експрес лонец е употребен во минатомесечниот бомбашки напад во Бостон и дека Хавахир лонецот го донел на барање на свој роднина кој живее во САД.

Ал Хавахир во вторник е донесен во федералниот суд во Детроит, каде што се одрече од правото на сослушување во притвор и ќе биде затворен се до прелиминарната постапка на 28 мај.

Неговиот роднина кој студира во Охајо за „Асошиејтед прес“ изјави дека се работи за недоразбирање и потврди дека лонецот од Саудиска Арабија му бил потребен за поквалитетно готвење на јагнешкото месо.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Политички скандал: Откажан мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај во Саудиска Арабија

Економијата на Саудиска Арабија поминува низ турбуленции поради намаленото производството на нафта

Предраг Петровиќ

Фудбалерите разочарани од Саудиска Арабија-зедоа стотици милиони, но немаат публика

Махрез заврши во болница

Познато колку пари потрошиле Саудијците за засилување на нивната лига

Предраг Петровиќ

Саудијците ослободија Американец кој беше осуден на 19 години затвор поради твитови