Сар: Мерките против Израел ќе ѝ наштетат на самата Европа

Од:

Израелскиот министер за надворешни работи, Гидеон Сар, денес изјави дека предложените мерки на Европската комисија против Израел се „морално и политички перверзни“ и ќе ѝ наштетат на Европа.

„Акциите против Израел ќе им наштетат на интересите на самата Европа“, рече тој на платформата X. Сар вети дека Израел ќе продолжи да се бори, „со помош на своите пријатели во Европа, против обидите да му се наштети додека води егзистенцијална војна“. „Чекорите против Израел ќе бидат возвратени со иста мера, но се надеваме дека тоа нема да биде потребно“, предупреди тој.

Европската комисија денес формално му предложи на Советот на ЕУ суспендирање на договорот за слободна трговија со Израел поради војната во Газа, санкции против Хамас, екстремистичките израелски министри и насилните доселеници, како и суспендирање на билатералната поддршка за Израел, со исклучок на поддршката за граѓанското општество и Јад Вашем.

Би можело да ве интересира

Напредок на преговорите во Исламабад, Иран ги обвини американските медиуми за поттикнување тероризам

Ништо не е завршено: Иран има илјадници ракети и капацитет да го обнови својот арсенал

Аун: Прекинот на огнот е единственото решение што води кон преговори со Израел

Израел: Повеќе од 7.500 повредени од почетокот на конфликтот со Иран

Од почетокот на војната во Газа, убиени се 262 новинари

Миршајмер: Израелците ќе употребат нуклеарно оружје против Иран