„Сандеј Тајмс“: Петмина министри побарале од Борис Џонсон да организира пуч против Тереза Меј

Од:

Петмина министри во британската влада, побарале од министерот за надворешни работи Борис Џонсон да организира пуч против актуелниот лидер на Конзервативната партија и мандатар за нов премиер Тереза Меј, објави „Сандеј Тајмс“.

Неделникот тврди дека во петокот, наутро, овие министри го контактирале Џонсон и му изразиле подршка во неговата трка за нов ториевски лидер, сугерирајќи му да не чека со истакнувањето на својата кандидатура за наследник на Меј.

Според овој весник, владеачката партија се наоѓа во состојба на „граѓанска војна„ по неуспехот на предвремените парламентарни позиции, на кои наместо триумф, партијата едвај успеа да не доживее пораз од лабуристите, но сепак го загуби досегашното мнозинство во Парламентот.

Тереза Меј ја посети кралицата Елизабета и од неа доби мандат да формира нова влада, која овој пат ке биде малцинска, со подршка од страна на малата, северноирска Демократска унионистичка партија (ДУП) , но денешните весници пишуваат дека таа и да остане на функцијата веке ја има загубено својата политичка моќ.

Проконзервативниот „Меил он Сандеј„ тврди дека советничкиот тим на шефот на дипломатијата Џонсон по „катастрофалните изборни резултати„ ја „опкружува ранетата Меј„ но инсистира дека тие нема да ја соборат од функцијата, се додека е во Даунинг стрит 10.

„Сандеј Телеграф„ кој исто така важи за близок на Конзервативната партија и кој досега силно ја подржуваше Меј, пишува дека нејзиното „кревко лидерство„ по неуспешните избори од 8 јуни, трпи натамошни удари, по оставките на двајцата водечки советници во нејзиниот кабинет.

Нивното сменување не е одлука на Меј, туку е резултат на уцената што на лидерот на конзервативците му ја испорачале угледни партиски функционери. Од Меј тие побарале да избира- или ке ги смени советниците, означени како винивници за пресвртот на гласачите на изборите, или ќе мора таа да си замине. Рокот за ултиматумот истекувал во понеделиник.

Неделникот „Обсеревер„ пак отворено ја повикува Меј да поднесе оставка од своите функции.

Весникот кој се значува како близок до лабуристите вели дека Меј е „дискредитирана, напуштена и понижена„ и со загубен кредибилитет, па таа повеке не може да и служи на земјата, како нејзнин премиер.

Според „Обсервер“ нејзиниот договор со ДУП е „губитнички и краткотраен“ и тој уште не заживеан е на удар од низа конзервативни пратеници кои се закануваат дека нема да го поддржат во Парламентот.

Би можело да ве интересира

„Тајмс“: Лондон преговара со Киев за испорака на ракети

Ана Ололовска

Британскиот министер за здравство не исклучува бројот на заразени со Ковид-19 да биде 100.000 дневно

Ана Ололовска

Кралицата Елизабета го откажа патувањето за Северна Ирска по совет на докторот

А1он

Џонсон најави партнерство со Гејтс во вредност од 552 милиони долари

Ана Ололовска

Во последните 24 часа во Британија регистрирани 43.738 нови случаи на коронавирус, најмногу во Европа

Ана Ололовска

Евакуација на аеродромот во Манчестер поради сомнителен пакет

А1он