„Сан“ ја укинува страницата во весникот со разголени девојки

Од:

Најтиражниот британски весник-таблоид „Сан“ ја укинува својата страница, на која досега, редовно беше објавувана голема фотографија со разголена убава девојка.

Првата ваква фотографија, што се пласираше на третата страница од весникот, е објавена во 1970 година, но по 44 години се смета дека сега е време да се промени една ваква „традиција“.

Активистите од организациите за женски права во Велика Британија од поодамна ја осудуваа, нарекувајќи ја „сексистичка и старомодна“ и водеа кампања таа да се укине. Повеќе од 200 илјади потписи беа собрани преку интернет со барање до „Сан“ и до новинската компанија „Њуз УК“ која е во сопстеност на Руперт Мардок, третата страница на весникот да се „испрати во историјата“.

Според лондонски „Тајмс“ кој е весник  на истата компанија што го издава и „Сан“ разголената девојка требаше да ја снема веќе од оваа недела, иако во вчерашниот и во денешниот број разголените убавици и понатаму се насмевнуваат од третата страница на таблоидот.

Претставник на редакцијата на „Сан“ ниту ја демантираше, а ниту ја потврди информацијата на „Тајмс“.

Но овој угледен британски весник тврди дека Мардок, кој е претседателот на „Њуз Корпорејшн“ што е компанија-мајка на британската филијала, веќе ја потпишал одлуката, како и дека „Сан“ настојува заминувањето на разголените убавици од страницата која му даваше посебен печат на весникот,да биде повлечено „тивко и без посебни најави“.

Ирското издание на „Сан“ ја укина странцата со разголена девојка уште пред две години. Во британското издание од пред извесно време нема разголени девојки во броевите од викендот, а понекогаш и во текот на неделата, а за тоа ниту еднаш не е дадено никакво објаснување.

Самиот Руперт Мардок, на својот Твитер профил минатата година напиша дека нема ништо против повлекувањето на страницата со разголени девојки, што самиот тој ја има воведено пред 44 години, затоа што тоа во денешно време „веќе делува застарено“.

Сите читатели не се согласуваат со едно вакво решение, иако се најавува дека разголените девојки ќе се појавуваат на интернет изданието. Десетина од фото моделите кои веќе се појавиле во „Сан“ исто така, се против и сметаат дека во тоа нема „застареност ниту немодерност“.

„Сан“ и понатаму е далеку најтиражниот британски дневен весник со просечен дневен тираж од околу три милиони примероци.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он