Традицијата која е создадена како би се направила контрола над жените, обрежувањето на женските генитали, зема се поголем замав и на европско тло – пренесува хрватската телевизиска станица Нова.
Се пострашен е фактот дека се повеќе жени самите инсистираат да бидат обрежани, бидејќи веруваат дека во спротивно ниту еден маж нема да ги сака.
Деценискиот проблем со оваа сурова традиција, е на големо преселен и на европското тло, каде живеат илјадници жени од африканско потекло, а кои го преживеале искуството на обрежување.
Хрватската телевизиска станица во својата емисија контактирала со неколку од нив во германскиот град Диселдорф.
„Имаше само еден нож за сите девојчиња. А нас не имаше повеќе од 400-тини. Никаква здравствена сигурност. Никакво средство со кое би се стерилизирал, овој нож на ужасот“ – раскажала Јасин, 19-годишна девојка од Гамбија.
На многу од девојките, обрежувањето им го прават жени во доцните 60-ти па дури и постари од 70 години, кои веќе ниту гледаат добро, и се со слабо чувство за осет на рацете.
Така да многу често ниту знаат што обрежуваат, па често се случува да оштетат некој живец, или да пресечат вена. Некој девојки искрваруваат до смрт“ – раскажала 35 годишната Јаваир од Сомалија, која е на чело на организацијата за помош на жените со вакво искуство.
Целта на нејзината организација е да создаде свест за бруталноста на оваа традиција.