Самитот на Г-20 не е ниту малку лесен, Меркел има работа преку глава

Од:

Дојче Веле – Берлин

Кон крајот на оваа недела во Хамбург се среќаваат лидерите на 20 водечки индустриски нации во светот, па од домаќинот се очекува да се погрижи за успехот на конференцијата, а во време на неслога тоа значи дека германската канцеларка Ангела Меркел има работа преку глава.

Во 12-те години на позицијата канцелар Ангела Меркел веќе доживеа најразлични состаноци на врвот, а и самата има организирано многу од нив. Во 2017 година беше домаќин на самитот на Г-8 во Хајлигендам на Балтичкото Море, а во 2015 година е одржан состанок на врвот на тогашните земји на Г-7 во Елмау во Баварија.

Но, оваа недела Хамбург е центар на огромна приредба – состанок на Г-20, Групата 20 најважни индустриски земји на светот. Тука ќе има повеќе гости од вообичаено.

Самата големина не е единствена работа по која самитот во Хамбург се разликува од се што Ангела Меркел досега требаше да совлада.

– Состанокот на врвот на земјите на Г-20 оваа година се одржува во посебно тешки услови. Ќе ги наведам само најголемите предизвици: тероризмот, промената на климата, протекционизмот. И сите тие теми се на дневен ред. Светот во немир, стана несложен, рече Меркел.

Таа неслога е олицетворена пред се во американскиот претседател Доналд Трамп, рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Сите тројца ќе дојдат во Хамбург и веќе однапред може да се очекува дека сите тие пред очите ќе ги имаат само своите интереси.

Ердоган својата посета на Германија би сакал да ја искористи да одржи говор пред Турците кои живеат во Хамбург, иако германската Влада му го скрати одобрението за јавен настап. Треба да се почека и да се види дали претседателот на Турција има намера да ја почитува таа забрана.

Трамп пак сака да го искористи овој самит прв пат да се сретне со Путин. Има многу работи за кои сака да разговара со него: од кризата во Украина и санкциите против Русија, војната во Сирија, па до наводното влијание на Москва на неговиот избор на претседателските избори во САД.

Од државниот советник за безбедност Мекмастер, може да се слушне дека американскиот претседател во Хамбург ќе се заложи Западот да развие „конструктивен однос“ кон Москва.

Трамп има и други идеи за тоа што би требало да биде тема во Хамбург. Меѓу другото, тој сака да ги осуди преголемите капацитети во светското производство на челик и сите учесници да ги наведе тука да воведат ограничувања.

Освен тоа, претседателот на САД сака јасно да покаже дека не сака да отстапи ни милиметар од својата одлука да го напушти Договорот за клима во Париз. Тој таа одлука ја донесе за да „ги заштити американските работни места, американските компании и работниците” и поради тоа Трамп е „горд”.

Во тој разновиден сплет на интереси, германската канцеларка знае дека во Хамбург не можеме да очекуваме едноставни разговори, „неслогата е очигледна и би било неискрено кога би се обидувале да ја ставиме под тепих.

– Јас тоа сигурно нема да го направам, изјави Меркел.

Дури и кога станува збор за заштитата на климата, не е решение Вашингтон целосно да се отстрани.

– Работиме на тоа од една страна да ја задржиме нашата позиција и да се држиме до договорот во Париз, но работиме и на тоа да се најде заедничко решение, рече германската канцеларка.

Секако предизвик е да се најде некоја формула со чија помош би се поддржал договорот од Париз, без да се заземе целосно јасна т.е. позиција која би изолирала. Од друга страна, се очекува дека полесно би можело да се дојде до согласност кај темите за заедничка борба против тероризмот.

Да се надеваме дека нема да има многу спорови ни кога станува збор за залагањата за поголемо влијание на жените или за подобра здравствена заштита. По тие прашања канцеларката е голем оптимист, а на полесен договор се надева и во врска со политиката кон бегалците.

Со оглед на тоа дека групата Г-20 пред се е одредена со својот економски потенцијал, токму тие теми од тоа подрачје и ќе доминираат во Хамбург. Но, тука неминовно повторно се доаѓа до прашањето за слободната трговија.

– Верувам дека протекционизмот не е решение. Тој им штети на сите учесници. Затоа ни се потребни отворени пазари и моја цел е и од овој самит на земјите на Г-20 да се упати јасна порака за поддршка на слободната размена и противење на ограничување на трговијата, како и јасно прифаќање на мултилатералните размени, вели Меркел.

Традиционално домаќинот има прилика на таквите состаноци да стави и некои теми кои и не се со голем приоритет. Тука секако спаѓа и иницијативата за подобра соработка со Африка. Иницијативата за поддршка на Африка не е замена за развојната помош. Со неа треба да се привлечат и приватните и меѓународните инвеститори да вложат во проекти во Африка.

Тука е и Агендата 2030 година на Обединетите нации за одржлив развој и тука канцеларката сака „со нашите партнери во Г-20 да заземе водечка улога и на примерот на обврските на другите земји од таа група со цел во што покус рок да се известат за националните стратегии за таквиот одржлив развој”.

Хамбург овој петок и сабота на 7 и 8 јули нема да биде полн само со политичари и нивните соработници. Во северна Германија стигнуваат и 4.800 новинари од 65 земји да известуваат за состанокот на Г-20.

Повторно за „добар” или за „лош” самит редовно е одговорен домаќинот, иако на сите 20 земји останува да се потрудат нешто заеднички да постават на нозе.

– Сама си ја зададов оваа цел од овој самит да излезе порака за одлучност со која претседателите на државите или владите на земјите на Г-20 да покажат дека разбрале каква одговорност за целиот свет лежи токму на нив. И да се подготвени да ја преземат таа одговорност, изјави германската канцеларка Ангела Меркел.

Таа додаде дека само со заеднички сили нешто може да се покрене од место и тоа „побрзо и поефикасно од што тоа би го можеле сами, во рамки на една нација”.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија