Саливан: САД не испраќа сили за да почнат војна против Русија

Од:

Соединетите Американски Држави денеска соопштија дека не испраќаат војници за да почнат војна против Русија, откако распоредија дополнителни 3.000 војници во Германија и Источна Европа поради руско-украинската криза на границата..

– Претседателот Џо Бајден со месеци е „на чисто“ дека САД не испраќаат сили за да започнат војна или да водат војна со Русија во Украина, изјави советникот за национална безбедност Џејк Саливан за Фокс Њуз Сандеј.

– Испративме сили во Европа да ја бранат територијата на НАТО, појасни тој.

Саливан, исто така, изјави за Ен-Би-Си дека „воена ескалација и инвазија на Украина може да се случи во секое време“.

– Ние веруваме дека Русите изградија капацитет да спроведат значајна воена операција во Украина и работиме напорно за да подготвиме одговор. Претседателот Бајден ги собра нашите сојузници. Тој ги зајакна и ги увери нашите партнери на источното крило, им даде материјална поддршка на Украинците и одделно им понуди на Русите решение по дипломатски пат, рече Саливан.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Лавров: Не ме интересира ставот на ЕУ за Украина, имаме „нормални“ разговори со американски претставници

Русија има цел список со услови за примирје

Косачев: Сите договори ќе бидат по наши услови

Русите зазедоа големи упоришта на вооружените сили на Украина

САД не беа поканети на тајниот воен состанок во Париз

Кина: Ќе ги заштитиме своите права и интереси