Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг

Од:

Меѓународниот кривичен суд во Хаг минатата недела беше жртва на сајбер напад, соопшти судот без да открие детали за големината на нападот и за каков тип на напад станува збор.

Како што јави холандскиот јавен сервис НОС, повикувајќи се на неименувани извори, нападот бил извршен врз голем број доверливи документи.

Но, како што се наведува, тоа не сакале да го потврдат во Судот, а портпаролот рекол дека нападот се истражува во соработка со холандските власти, како и дали зад нападот стои странска влада.

Меѓународниот кривичен суд во Хаг истражува геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства и ги гони осомничените.

Информациите со кои располага МКС се многу чувствителни, а како што се наведува, за осомничените би можело да биде интересно да знаат дали против нив се води истрага и кого Судот сослушува како сведоци.

Би можело да ве интересира

Судот нареди итна забрана за контролата на Маск врз американските платежни системи

Горан Наумовски

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски

Романски хакери украле над 106 милиони евра од сметките на 708 луѓе во Европа

А1он

Укринформ: Украински сајбер експерти ги хакирале серверите на руската Дума и на Уставниот суд

ВИДЕО: Разорна експлозија во Хаг, потрага по преживеани

Хакери ја нападнале фирмата „Пристаниште Риека“, украле голем број доверливи информации