Саеб Ерекат примен во болница откако му се влошила состојбата со коронавирусот

Од:

Високиот палестински функционер и преговарач Саеб Ерекат, кој е заразен со коронавирус, синоќа бил префрлен во болница во Ерусалим, откако му се влишила здравствената состојба.

Израелските власти му дале дозвола на Ерекат (65) да биде хоспитализиран во израелската болница „Хадасах“ во Ерусалим, откако во последните неколку дена дошло до влошување на неговата здравствена состојба.

Ерекат побарал да биде примен во израелската болница и покрај влошените палестинско-израелски односи поради планот на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток, со кој на Израел му се овозможува да анектира големи делови на Западниот брег

Ерекат е долгогодишен советник на палестинскиот претседател Махмуд Абас и е главен палестински преговарач во последните мировни разговори.

Американските медиуми потсетуваат дека Ерекат има историја на заболување на белите дробови и дека во 2017 година имал трансплантација на бели дробови во САД.

Од почетокот на пандемијата на палестинските територии и на Западниот брег окупирани од Израел регистрирани се повеќе од 58. 000 случаи на инфицирани со коронавирус и 474 смртни случаи поврзани со Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Камп на американската армија кај Багдад погоден со четири ракети

Нетанјаху му се обрати на иранскиот народ: „Ќе бидете слободни и побрзо отколку што мислите“

Предраг Петровиќ

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Либан: Над 70.000 луѓе се на улица и бараат засолниште

ВИДЕО: Израелската војска упадна во канцеларијата на Ал Џезира на Западниот Брег со наредба за затворање