САД засега не планираат да воведуваат ембарго за руската нафта

Од:

САД оценуваат дека ембарго за руската нафта и гас ќе придонесе кон повисоки цени на горивото во земјата, и затоа се уште не ја разгледуваат таа опција, изјави денеска портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.

Таа, одговарајќи на новинарско прашање – што треба да се случи на боиштата во Украина за да се засилат санкциите, истакна дека веќе се воведени значителни санкции против Русија.

– Дополнителна забрана ќе придонесе кон зголемување на цените на горивото и потешкотии во снабдувањето со горива, што би можело да придонесе за повисоки цени на останатите производи, затоа таа опција засега не ја земаме в предвид, посочи Псаки.

Таа наведе и дека САД не гледаат можност на Русија да и го одземат статусот на постојана членка на Советот за безбедност на Обединети нации.

– Не гледаме таква можност. Нашиот фокус е насочен кон изолирање на Русија и барање на одговорност од неа, истакна Псаки.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пропадна мировниот договор, Зеленски го отфрли клучниот услов на Трамп

САД со порака до Русија и Украина: Време е или да кажат „да“ или се повлекуваме од овој процес

Зеленски: Русија краде кинеска технологија за смртоносни дронови

Захарова ја обвини Германија за русофобија

ISW: Русија е спремна да започне нова агресија

САД воведоа нови санкции кон Иран: Трамп има „недостаток на добра волја“

Горан Наумовски