САД загрижени поради воени вежби на Русија во близина на украинската граница

Од:

Владата на САД изрази длабока загриженост поради руските воени вежби во близина на границата со Украина, соопшти американскиот Стејт департмент.

– Длабоко сме загрижени поради планот на Русија да спроведе голема воена вежба на руските оздухопловни сили во регионот, што граничи со Украина, изјави портпаролката на американското министерство за надворешни работи Џен Псаки.

Според Псаки воени вежби од таков вид претставуваат провокација и само можат да доведат до дополнително влошување на тензиите на руско-украинската граница.

Русија вчера објави дека планира воени вежби на воздухопловните сили и силите за противвоздушна одбрана на полигонот Ашулук. Полигонот Ашулук се наоѓа во југозападниот дел на Русија на околу 800 километри од руско-украинската граница.

Би можело да ве интересира

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации