САД воведоа нови санкции за „Вагнер“

Од:

САД денеска воведоа дополнителни санкции за руската приватна воена компанија „Вагнер“, соопшти Министерството за финансии.

Американското Министерство за финансии објави дека ја означило групата Вагнер како „значајна транснационална криминална организација“.

„Персоналот на Вагнер бил ангажиран во сериозни криминални активности, вклучувајќи масовни егзекуции, силувања, киднапирање деца и физичко малтретирање во Централноафриканската Република и Мали“, се вели во соопштението на Министерството за финансии.

Со санкциите се замрзнува секој американски имот кој „Вагнер“ може да го има и им забранува на државјаните на САД да обезбедуваат средства, стоки или услуги за групата.

Американското Министерство за финансии, исто така, воведе дополнителни санкции за „Вагнер“, обвинувајќи ја групата дека е одговорна или е соучесник во принудното раселување на цивилите и нападите врз болниците во Централноафриканската Република.

Вашингтон наведе и други ентитети кои ги обвинува дека ги поддржуваат воените операции на Вагнер групата во Русија, вклучително и акционерското друштво „Тера Тех“ со седиште во Русија и Институтот за истражување на вселенски науки и технологија „Чангша Тиани“ во Кина.

„Денешните проширени санкции кон „Вагнер“, како и новите санкции за нивните соработници и други компании кои го овозможуваат рускиот воен комплекс, дополнително ќе ја попречат способноста на Путин да ја вооружи и опреми својата воена машина“, рече министеката за финансии Џенет Јелен.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ