САД: Во Украина има руски војници, кои имаат командни функции

Од:

Американскиот постојан претставник во НАТО, Даглас Лут изјави денеска дека во источна Украина има руски војници, кои заземаат командни функции и истовремено ракуваат со воената опрема.

Според него сепак во блиска иднина не се очекува нова руска воена интервенција во соседната земја.

Оценката на Лут е во спротивност со тврдењата на украинскиот претседател Петро Порошенко од минатиот месец дека Русија испратила девет илјади војници како помош на сепаратистите во источниот дел на земјата.

– Уште во август се гледаше зајакнување на директната руска интервенција во форма на руски воени единици. Можеше да се видат руски баталјони, кои дејствувааt усогласено во Украина, изјави Лут на прес-конференција пред утрешната средба на министрите за одбрана на земјите-членки на Алијансата.

– Немаме сознанија за план за директна интервенција на руските единици, додаде тој.

Според Лут сепак соработниците на руското разузнавање и војници со и без униформи дејствуваат во југоисточна Украина од почетокот на вооружениот бунт пред околу девет месеци, извршувајќи претежнo командни и контролни функции.

– Тие имаат нешто како паралелна командна структура, во сенка на командната структура на сепаратистите за да го контролираа тоа што се случува на теренот, посочи Лут.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

Украина: Четири деца се повредени во руски воздушен напад врз Харков

Украина ќе може да повикува затвореници во војска

Горан Наумовски

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Загина познатиот украински кревач на тегови Александар Пелешенко