САД тврдат дека Русија не сака да го признае радиолошкиот ризик во нуклеарната централа Запорожје

Од:

Вашингтон соопшти дека Русија не сака да го признае огромниот радиолошки ризик во нуклеарната централа Запорожје во Украина, додавајќи дека тоа е причината поради која го блокирале последниот нацрт на договорот за неширење на нуклеарното оружје.

„Руската федерација сама одлучи да го блокира консензусот за финалниот документ на крајот од Десеттата конференција за преглед на Договорот за неширење на нуклеарно оружје (НПТ). Русија го направи тоа со цел да го блокира јазикот што само укажува на огромен ризик во нуклеарната централа Запорожје во Украина”, соопшти Стејт департментот.

Во петокот, Русија го блокираше усвојувањето на заедничката декларација, по четиринеделната конференција на ОН за НПТ, и ги осуди, како што наведе, „политичките” аспекти на текстот.

Договорот за неширење на нуклеарно оружје (НПТ), што е предмет на состанок на 191 потписник на секои пет години, има за цел да го спречи ширењето на нуклеарното оружје, да промовира целосно разоружување и соработка во мирната употреба на нуклеарната енергија .

Според извори блиски до преговорите, Русија особено се спротивставила на деловите од текстот кои се однесуваат на украинската нуклеарна централа Запорожје, која е окупирана од руската армија, јавија американски медиуми.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

По гранатирањето на „Запорожје“, многу региони во Украина се без струја и интернет

Захарова: Мнозинството членки на НАТО се во зоната на директен удар на нуклеарката Запорожје

Катерина Ѓуровски

Зеленски: На радијацијата не и е важно кој е неутрален и може да допре до кој било во светот

МААЕ побара од Русија и Украина да ја заштитат нуклеарната централа Запорожје

Ана Ололовска

Украински Енергоатом тврди дека руска мина експлодирала во близина на нуклеарната централа Запорожжја

Катерина Ѓуровски

Русија: Украински дрон се урна во близина на најголемата нуклеарна централа во Европа

Ана Ололовска