САД тврдат дека ИД има камп за обука во Либија

Од:

Џихадистите од милитантата сунитска група Исламска држава (ИД) имаат камп за обука во Либија, изјави американскиот генерал Дејвид Родригез.

Според него, кампот е лоциран во источните делови од земјата, кои се наоѓаат под контрола на локалните исламисти и во него сега се обучуваат „неколку стотина“ џихадисти.

Зборувајќи во Вашингтон, генерал Родригез, кој е командант на американската команда за Африка, рече дека кампот на ИД во Либија се уште е во својата рана фаза, но дека САД го надгледуваат за да видат како понатаму ќе се развиваат работите.

Генералот Родригез признава дека се уште не се знае колку обучените џихадисти се поврзани со формациите на ИД, освен што е познато дека милитантните ислмисти кои ја контролираат источна Либија, веќе соопштија дека ја подржуваат борбата на џихадистите на ИД.

По повеќе од три години од насилното соборување од власта на Моамер Гадафи со помош на меѓународната заедница, Либија се уште не е стабилизирана и не функционира како држава. Разни племенски водачи, милитантни исламисти и политички фракции водат меѓусебна борба за превласт во земјата богата со нафта и гас.

Неколку исламски групи од Бенгази и истокот на земјата, каде се најголемите резерви на нафта и од западните делови, каде е главниот град Триполи, кој треба да биде политички центар, војуваат меѓу себе ,оставајќи ја Либија по Гадафи, практично без централна власт и без контрола врз нејзината територија.

Избраната либиска Влада нема контрола врз три од своите главни градски центри, па Парламентот на земјата, кого го признава меѓународната заедница, сега се пресели во Тобрук.

Би можело да ве интересира

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени

(ВИДЕО) Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, има повредени

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија