САД: Тројца хакери обвинети за создавање и ширење на вирусот „Гонзи“

Од:

Обвинителството на Њујорк покрена обвинение против тројца хакери, кои со помош на компјутерски вирус украле десетици милиони долари од банкраски сметки, јави БТА.

Главен обвинет е Русинот Никита Кузмин, кој се смета за „мозок“ на групата. Другите се Латвиецот Денис Каловскис и Романецот Мијах Паунеску.

Според инспекторите групата преку вируси, вклучително создадениот од нив вирус „Гонзи“, добиле пристап до сметки на физички и правни лица и заразиле со вирусот не помалку од еден милион компјутери во светот и 40 илјади во САД, од кои 160 компјутери на вселенската агенција НАСА. Од 2005 година сајбер криминалците успеале да одземат десетици милиони долари.

Кузмин е уапсен во САД во мај 2011 година. Во 2012 година тој постигна договор со обвинителството. Може да добиде до 95 години затвор. По апсењето на Кузмин кон крајот на минатата година на барање на американските власти во нивните земји беа притворени и Латвиецот и Романецот. Тие се уште не се екстрадирани во САД, но постапката е започната. Каловскис може да добие максимум 67 години затвор а Паунеску до 60 години.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД