САД со предупредување за „брза реакција“ ако властите во Каракас посегнат по Гуаидо

Од:

Американскиот потпретседател Мајк Пенс вети „брза реакција“ на САД доколку постои каква било закана за лидерот на венецуелската опозиција Хуан Гуаидо.

Тој денеска се врати со авион во Каракас каде беше пречекан од илјадници поддржувачи на опозицијата во Венецуела. Меѓу оние кои го пречекаа беа и амабсадори на неколку европски и јужноамерикански држави.

-Безбедно враќање на Гуаидо во Венецуела е од најголемо значење за САД, напиша на Твитер Пенс кога Гуаидо пристигна во Каракас.

– Какви било закани, насилства или заплашување кон него нема да се толерираат и ќе следува брз одговор. Светот гледа – времениот претседател Гуаидо треба да влезе безбедно во Венецуела, додаде тој.

– Веќе сме во нашата држава. Венецуела. Ние штотуку поминавме контрола и тргнуваме кон нашиот град, објави на Твитер Гуаидо.

Венецуелскиот опозициски лидер ризикува апсење бидејќи ја напушти државата и покрај забраната за напуштање на нејзината територија. Гуаидо синоќа го предупреди претседателот Николас Мадуро дека ако се обиде да го приведе или киднапира тоа ќе биде една од неговите последни негови грешки.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Регионот ја криткува за Венецуела и Мадуро, Брнабиќ одговара: Не ги забораваме пријателите

Предраг Петровиќ

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху