САД со порака до Русија и Украина: Време е или да кажат „да“ или се повлекуваме од овој процес

Од:

Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс рече дека САД дале „многу експлицитен предлог“ до Русија и Украина што ќе доведе до мировен договор.

– Време е или да кажат „да“ или САД да се повлечат од овој процес – рече Венс.

Блумберг објави дека Венс им кажал на новинарите во Индија денеска, по посетата на Таџ Махал.

„Сегашните линии се некаде блиску до местото каде што ќе завршите“, рече Венс.

Американската агенција пренесува дека тој рекол дека тоа значи дека и Украина и Русија ќе мора да се откажат од дел од териториите кои моментално ги контролираат.

Министерството за надворешни работи на Велика Британија претходно денеска соопшти дека мировните преговори за Украина, кои требаше да се одржат денеска во Лондон, а требаше да ги води британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами, се одложени.

Украина е под притисок оваа недела да одговори на серијата идеи од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп кои ќе имаат долгорочни последици за завршување на војната со Русија.

Тие вклучуваат потенцијално американско признавање на Крим како дел од Русија од неговата анексија во 2014 година, како и повлекувањето на Киев од членството во НАТО.

Ова во понеделникот го објави Wall Street Journal, кој наведува дека часовникот на Киев отчукува додека Вашингтон чека одговор на планот на Трамп да стави крај на војната во Украина.

Би можело да ве интересира

До смрт ја претепа двoмесечната ќерка – осуден е на 58 години затвор

А1он

Дрон удрил во возот во кој беа фудбалерите на „Локомотив Москва“

А1он

Москва е загрижена од плановите на НАТО

Трамп повторно го поддржa Нетанјаху: Мораме да ја завршиме работата што ја започнавме

CNN: Армијата се подготвува за нов напад врз Иран

(ВИДЕО) Што пишуваат руските медиуми за падот на Вучиќ?

Горан Наумовски