САД сè уште се отворени за дипломатија со Русија

Од:

САД продолжуваат да се надеваат на дипломатско решавање на ситуацијата околу Украина, изјави американската потпретседателка Камала Харис во денешниот говор на безбедносната конференција во Минхен.

– Сè уште сме отворени за дипломатско решение. Но, ако тоа не се случи, тогаш ќе има последици. И тие ќе бидат тешки и молскавично брзи, рече Харис.

Според неа, САД се надеваат дека дипломатските преговори нема да влезат во ќорсокак. Во исто време, сепак, таа рече дека Русија „продолжува да го стеснува прозорецот на можности за дијалог“.

САД, НАТО и нивните партнери се посветени на сериозен дипломатски дијалог со Русија, рече Харис, додавајќи дека Вашингтон „даде конкретни предлози“ до Руската Федерација.

– Ја активиравме Русија во дијалог со помош на НАТО, ОБСЕ и Обединетите нации. Постапивме и постапуваме од позиција на добра волја. Руската Федерација продолжува да вели дека е подготвена за дијалог, но во исто време го скратува патот кон дипломатијата. Нивните постапки не се совпаѓаат со нивните зборови, рече таа.

Харис повтори дека САД заедно со своите сојузници против Русија ќе воведат економски санкции без преседан доколку Москва ја нападне Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Руски дрон погоди станбена зграда во Херсон, пет минути пред да започне примирјето

А1он

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“