САД санкционираат 24 компании за искпораки во Русија, Пакистан и Иран

Од:

Aдминистрацијата на Бајден денеска додаде 24 компании во списокот ентитети подложни на извозна контрола за подршка на воената индустрија на Русија, нуклеарната програма на Пакистан или за снабдување на ирански компании, производители на електроника.

Компаниите се од Летонија, Пакистан, Русија, Сингапур и Швајцарија, и се вклучени во списокот во поглед на заштита на националната безбедност и надворешната политика, соопшти Министерство за трговија на САД.

Од компаниите во Летонија се Fiber Optic Solutions, која произведува жироскопи со оптички влакна и друга опрема, а од руските е производителот на компјутерска опрема Kraftway. Во спискот се уште швајцарската Milur SA, уште четири сингапурски и десет пакистански компании.

Вашингтон активно ја користи контролата на извозот за да повика на одговорност компании кои работат за подршка на рускиот воен комплекс.

Снабдувачите на американски делови отсега треба да добијат специјална лиценца пред да испорачуваат за компаниите вклучени во списокот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Небензја: Прекинот на огнот во Газа мора да биде чекор кон долгорочен мир

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек