Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот специјален пратеник Стив Виткоф би можел да отпатува во Русија, евентуално во среда или четврток, предупредувајќи дека ќе воведе санкции врз Русија доколку Москва не се согласи на прекин на огнот во Украина до петок.
„Ќе има санкции, но се чини дека се доста добри во избегнувањето санкции. Тие се лукави ликови и се доста добри во избегнувањето санкции, па ќе видиме што ќе се случи“, изјави Трамп пред новинарите, објави Ројтерс.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека условите на Русија за завршување на војната, кои ги изложи минатото лето, не се променети.
Руските и украинските медиуми објавија дека условите вклучуваат капитулација на Украина.