САД, Русија и ОН ќе се сретнат во Женева

Од:

Подготвителниот состанок за предложената меѓународна конференција за Сирија ќе се одржи во Женева, на 5-ти јуни соопштија Обединетите нации.

-Можеме да потврдиме дека на 5-ти јуни 2013 година во Женева, американски, руски и официјални лица на ОН ќе одржат трилатерален состанок, поради понатамошните подготовки за меѓународната конференција за Сирија, во рамките на американско- руската иницијатива, се наведува во соопштението, пренесе „Франс прес“.

Русија и САД се иницијатори на меѓународната мировна конференција за Сирија, чија цел е да се стави крај на судирите во таа држава.

Водечката сириска опозициска група, Национална коалиција која ужива во поддршката на Запад, соопшти дека нема да учествува во мировните преговори во Женева, се додека режимските сили вршат масакри во Сирија.

Соопштението е издадено на крајот на еднонеделните преговори на опозицијата во Истанбул, чија цел е пронаоѓање заеднички став во поглед на учество на мировните преговори во Женева идниот месец, пренесе „Асошиејтед прес“.

Договорот кој што е постигнат во Истанбул предвидува приклучување на либералниот блок на опозициските активисти во Коалицијата, со цел да се ублажи доминацијата на исламистите во таа организација.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

(ВИДЕО) Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, има повредени

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина