САД: Русија ги блокира независните медиуми и социјалните мрежи

Од:

Соединетите Американски Држави ја обвинија Русија дека започнала „целосна војна против слободата на медиумите и вистината“ со блокирање на независни медиуми и спречување на Русите да слушнат вести за инвазијата на Украина.

„Руската влада, исто така, ги задушува платформите на Твитер, Фејсбук и Инстаграм на кои се потпираат десетици милиони руски граѓани за да пристапат до независни информации и мислења“, се вели во синоќешното соопштение на Стејт департментот.

Русите ги користеа социјалните мрежи за да се поврзат меѓу себе и со надворешниот свет, се додава во соопштението.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски