САД распишаа награда од 10 милиони долари за информации околу убиецот на бившиот либански премиер Харири

Од:

САД нудат награда од 10 милиони долари за информации што ќе помогне да се пронајде Салим Ајаш од Хезболах, кој беше осуден за убиство на поранешниот либански премиер Рафик Харири.

Стејт департментот соопшти дека ќе понуди награда за „информации што водат до откривање или идентификување“ на Салим Ајаш ​​или „информации што ќе го спречат да учествува во акт на меѓународен тероризам против американско лице или американски имот“.

Специјален трибунал на ООН за Либан, со седиште во Холандија, во декември го осуди Ајаш ​​на доживотен затвор за убиството на Харири во 2005 година.

Се верува дека Ајаш ​​(57) се крие во Либан. Шефот на Хезболах Хасан Насралах одбива да го предаде.

Трибуналот соопшти дека ќе го суди Ајаш ​​и за уште три напади врз либански политичари.

Стејт департментот соопшти дека Ајаш ​​планирал да му наштети и на американскиот воен персонал. Се верува дека Харири, сунитски муслиман е убиен затоа што се спротивставил на сириската контрола во Либан. Дамаск е во сојуз со Хезболах, шиитско муслиманско движење, поддржано од Иран, потсетува БГНЕС.

Убиството на Харири ја предизвика Кедар Револуцијата, која ги потисна сириските трупи. САД ја сметаат Хезболахза терористичка група, но движењето има политичка моќ во Либан, каде има свои пратеници во Парламентот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски