САД против Кина: Се надѕира ли нова студена војна?

Од:

Фајненшел тајмс – Лондон

Чудни нешта се случуваат во Јужното Кинеско Море. Во последниве 18 месеци, Пекинг „претвори“ над осум илјади декари земја од неколку подводни гребени и плочи во вистински „острови“. Овие територијални претензии на Пекинг далеку ги надминуваат оние на другите земји, поконкретно на Филипините и на Виетнам, кои исто така си ги бараат блиските острови Спратли. Кина исто гради кејови, пристаништа, повеќекатни згради (иако сеуште не изградила фудбалски стадион според стандардите на Фифа). На гребенот Фајри крос на островите Спратли, изградија 3 километри писта на која можат да слетаат сите видови воени авиони со кои Пекинг располага.

Оваа активност ја подигна тревогата. Во говор во Токио минатиот месец, претседателот на Филипините, Бенињо Акино, ги спореди дејствата на Кина со анексијата на Чехословачка од нацистичка Германија. Американскиот министер за одбрана, Ештон Картер, ги опиша кинеските дејствија како несоодвтени за меѓунардоните норми. САД, рече тој, „ќе продолжат да летаат, пловат и дејствуваат“ на секој дозволив начин според меѓународното право. Картер недвосмислено одрече дека „преворањето на една подводна плоча во авионска писта покажува извесни права на суверенитет или го ограничува правото на секоја друга земја на морско или воздушно преминување“.

Тоа го отвора прашањето: на кој начин ќе одговорат Соединетите Американски Држави? Краткиот одговор е: тие не можат многу да сторат. САД продолжуваат со прелетите на воени авиони крај новите острови. Заедно со други земји, тие ја засилуваат воената соработка обидувајќи се да демонстрираат единствен фронт.

Но програмата на Кина за воспоставување контрола над островите напредува со брзо темпо. Зборовите на Ештон Картер звучат како „црвените линии“ на претседателот Обама за Сирија. Ако Пекинг продолжи да го предизвикува Вашингтон и да блефира, вистината ќе излезе на виделина. САД вршат силен притосок, но тој е слабо поткрепен со дејства.

Зошто е толку тешко за Вашингтон да дејствува? Од една страна иако може нема да соодветствуваат на духот на соработката, дејствата на Пекинг не се јавно незаконски. Филипините и Виетнам исто „си повратија“ земја од морето. Кина едноставно го прави истото, но во поголем обем.

Освен тоа, претензите на Пекинг кон архипелагот Спратли не се сосема лишени од основаност, тврдат правни експерти. Вистина е дека островите се поблиску до Филипините, Виетнам и до Маалезија, кои исто претендираат на нив (а тука се и Брунеите). Но блискоста не е секогаш директно решавачка, како што може тоа да го потврди Аргентина по повод спорот со Велика Британија за Фокландските (Малвинските) острови.

На крај, Кина директно не се заканува на слободата на пловењето на бродовите. Тој се обидува да ги ограничи воените дејства во територијалните води за кои претендира. Тоа можеби е спортивно на меѓународното право, иако според Конвенцијата на ОН за морското право, воените дејствија – како на пример набљудувањето – треба да се спроведуваат со „должно почитување“ на правата на соодветната крајбрежна држава. Она со кое Кина „ја преминала границата“ се обидите да ги прошири дејствата на поголема раздалеченост и ограничувањата околу дотичните осрови. Кога неодамна американски воен авион Р-8 „посејдон“ прелета крај таков нов остров, кинеската морска флота му нареди да ја напушти областа.

Нештата повторно се сведуваат на тоа до каде се подготвени да одат САД по ова прашање. Тие велат дека размислуваат да испратат воени бродови во 12-миљната слободна економска зона околу новите кинески градби. Откако испратија таква закана, САД може да се чуствуваат обврзани и да ја исполнат. Но и Кина има со што да одговори. И таа може таму да испрати свои воени бродови. Ако сака да ја дигне тензијата, може да објави и идентификацона зона за воздушна заштита над целото или над делови од Јужното кинеско море, со што теоретски ќе го задолжи секој авион кој се приближува да му го најави своето присуство на Пекинг.

Ако Кина и САД продолжат во оваа игра на блефови, постои веројатност дека Кина може да се покаже повешта во таа борба. Нејзината тактика е да се ангажира во надитрувања по наизглед не толку важни прашања, за кои посебно и не заслужува да се дојде до крвопролеваље. Но во целина, тие незабележливо придоненсуваат за амбицијата на Кина да создава предизвици кон американското владеење во регионот.

Според австралискиот професор Хју Вајт, Кина „реже многу тенки резанки од многу долгата кобасица“. Претседателот Си Цинпин веќе ни објасњни како изгледа таа кобасица. Тој настојува за нов тип на односи помеѓу големите сили, кои на Пекинг ќе му донесат поголемо почитување и власт во Азија. Тоа не е закана за глобалната американска доминација, но создава предизвици за неа во Азија, каде Кина сака да биде третирана најмалку како рамноправна.

Дејствијата на Пекинг во Јужното Кинеско Море се важен дел од таа стратегија. Еве што пишува по тој повод Карл Теир, експерт за безбедност од Универзитетот во Нов Јужен Велс во Австралија: „Кина ги смени фактите на теренот и го исправи регионот пред свршен чин“. Проблемот со „свршениот чин“, како што сега Вашингтон тоа го разбира, е што не можеш ништо да сториш за да го смениш.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ