САД при нападите врз џихадистите не ги почитуваат стандарди за заштита на цивилното население

Од:

САД ги напаѓаат позициите на џихадистите во Ирак и во Сирија, без да се придржуваат до сопствените стандарди за заштита на цивилното население, објавија американски медиуми.

Белата куќа претходно призна дека бомбардирањата во Ирак и во Сирија се извршуваат без да се почитува целосната безбедност на цивилите.

И Пентагон во многу случаи не може да утврди дали информациите за цивилни жртви се веродостојни.

– Покажавме исклучителна внимателност во мисиите. Секако дека постои ризик при секоја воена операција и специфичен вид на ризик при воздушните операции, изјави портпаролот на Пентагон, контраадмирал Џон Карби.

Претседателот на САД, Барак Обама во мај минатата година изјави дека нема да дозволи смртоносни напади врз терористите ако не се безбедни цивилите.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД