САД повторно ја отворија Амбасадата во Киев

Од:

Денеска официјално ја продолжуваме работата во Амбасадата на САД во Киев. Украинскиот народ, со нашата безбедносна помош, успешно ја брани својата татковина наспроти неиспровоцирана инвазија на Русија, се вели во соопштението од американскиот државен секретар Антони Блинкен што го пренесе од Стејт департментот.

Како што јави Гласот на Америка, во документот се нагласува дека по три месеци, американското знаме повторно се вее над Амбасадата.

– Гордо стоиме со и продолжуваме да ги поддржуваме владата и народот на Украина додека ја бранат својата земја од бруталната агресивна војна на Кремљ, се додава во соопштението.

Американската амбасада беше затворена на 14 февруари, десет дена пред почетокот на руската инвазија врз Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина