САД повикаа на смирување на тензиите меѓу Турција и Грција во источниот Медитеран

Од:

САД се загрижени поради тензиите меѓу Атина и Анкара, откако Турција изрази планови да врши сеизмички истражувања и дупчења на морското дно во источниот Медитеран, недалеку од брегот на Кипар.

-Такви економски активности, како истражување на суровини, треба да бидат базирани на взаемно разбирање и пријателство, изјави денеска Филип Рикер, заменик на американскиот државен секретар задолжен за Европа и Евроазија.

Според него, Грција и Турција се членки на НАТО и треба да изнајдат заеднички јазик за решавање на територијалните спорови. Тој ја повика Турција да не ја ескалира ситуацијата, и како сојузник по НАТО да игра конструктивна улога во регионот.

Водите околу островот Кипар, Грција ги смета како дел од својот континентален гребен, и активностите на Турција во регионот ги смета за „агресија“, со барање ЕУ да заземе став на „турската провокација“. 

Би можело да ве интересира

Во Грција е уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција