Заменик-портпаролот на Стејт департментот Мари Харф изрази вечерва загриженост поради развојот на настаните во Појасот Газа, повикувајќи на моментален крај на непријателството.
– Загрижени сме поради настаните во Газа и го осудуваме денешниот ракетен напад и го поддржуваме правото на Израел да се брани. Повикуваме на моментален крај на непријателството и на ракетниот оган и ги повикуваме страните да се вратат на преговорите за примирје, изјави Харф.