САД: Постои можност да се преземат мерки против Каракас

Од:

Извори од американската дипломатија сметаат дека е шпекулација тоа што се зборува дека Вашингтон е одговорен за болеста на починатиот претседател на Венецуела.

-Сите знаеме дека изборните кампањи не се добри за развој на новата политика. Но и понатаму сакаме да имаме позитивен однос, имајќи во предвид дека тоа може да потрае одредено време, пред венецуелската влада да биде подготвена да разговара – изјави официјално лице од Америка.

Двајца американски воени аташеа во вторникот беа протерани од Венецуела и обвинети за обид за измама против нејзината влада.

Вашингтон е разочаран од тоа обвинение и ја разгледува можноста за преземање мерки против Каракас, изјави официјалното лице, додавајќи дека за сега се уште ништо не е одлучено.

Уго Чавез почина во вторник, во Каракас на 58 години, од рак. По 14 години владеење на Чавез, во Венецуела е отворен патот за предвремени избори, во рок од 30 дена.

Барак Обама и Чавез, голем критичар на САД и левичар се состаноа во април 2009 година, на почетокот на првиот мандат на преседателот на САД. Сликата од нивното ракување е објавена низ целиот свет.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД